Home Актуелно Негувателка истури врело кафе врз петгодишно девојче во градинка во Скопје

Негувателка истури врело кафе врз петгодишно девојче во градинка во Скопје

Девојче заврши со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница откако една од негувателките случајно истурила кафе врз детето додека поминувала низ креветчињата.

Инцидентот се случил завчера околу пладне, додека децата спиеле во објектот на градинката Чекорче во скопски Аеродром. Детето било однесено на клиниката за детска хирургија каде му била констатирана повредата.

Родителите го пријавиле случајот во полиција. Директорот на градинката, Јоаким Димулков за 24 Вести потврди дека инспекциските служби од Министерството за труд и социјална политика ја посетиле градинката, а на негувателката која го истурила кафето врз девојчето веќе и е раскинат договорот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно

Напишете коментар

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…