65-годишниот претседател Лукашенко во врска со 22-годишната бивша Мис Белорусија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белорускиот претседател Александар Лукашенко (65) дефинитивно е во врска поранешната Мис Белорусија, 22-годишната Марија Василиевич. Овие досегашни сомневања се потврдија со снимката на која тие двајца се во страстна прегратка на хокеј во Минск.

И покрај тоа што немаше политичко искуство, младата Василиевич се кандидираше на парламентарните избори на 17-ти ноември и стана најмладиот пратеник во историјата на Белорусија, пренесува The Sun.

Изборите, инаку, ги добија политичарите лојални на Лукашенко. Бидејќи не беше избран ниту еден опозициски политичар, лидерите на опозицијата прогласија дека изборите се лажирани.

Василиевич и Лукашенко честопати се појавуваа заедно во јавноста, како на Светскиот фудбалски куп минатата година во Русија, уметнички фестивали организирани од државата и други настани. Претседателот и мисицата танцуваа заедно на новогодишниот бал во белоруската престолнина Минск, јавува националната телевизија.

Лукашенко, наводно, лично ги надгледувал подготовките за натпреварот „Мис на светот 2018“ што се одржуваше во кинескиот град Санжу. Василиевич се пласираше меѓу првите пет на тоа натпреварување. Победи Мексиканката Ванеса Понсе.

Исто така, на Василиевич и беше доделен орден од државен ред за нејзиниот „значаен“ придонес во културата и добротворните организации.