5 и пол часа – толку им требаа на Кинезите да изградат железничка пруга од 37 километри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вкупно пет и пол часа им беа потребни на Кинезите за да изградат железничка пруга во должина од 37,9 километри. Истата беше изградена во југоисточната кинеска провинција Фуџен.

Скоро илјада работници извршиле замена на старите шини со нови, по кои ќе сообраќаат возови со брзина од 200 км/час.

Оваа железничка пруга, која ги поврзува градовите Нанпинг и Лонгјанг, е делница од железничката линија која минува низ Југоисточна Кина. Патниците во споменатата кинеска провинција, од еден до друг град, наместо за досегашните 7 часа, ќе стигнуваат за час и половина.