Home Актуелно 39 години од смртта на Маршалот

39 години од смртта на Маршалот

Денес се одбележуваат 39 години од смртта на доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито почина на 4 мај 1980 година во клиничкиот центар во Љубљана.

Маршалот почина на 88 годишна возраст во 15.05 часот. Секоја година на денот на неговата смрт неговиот вечен дом го посетуваат илјадници посетители, чекајќи од раните утрински часови да влезат и да му се поклонат.

На неговиот погреб присуствува највисоки светски државници и политичари, како што се Индира Ганди, Густав Хусак, Тодор Живков, Маргарет Тачер, Роберт Мугабе, Јасер Арафат, Муамер Гадафи, Јасер Арафат, Леонид Брежњев, како и делегации од 128 земји.

Неговиот гроб се наоѓа во Куќата на цвеќињата на Дедиње во Белград.

Јосип Броз Тито на чело на СФРЈ бше 35 години. Десет години по неговата смрт земјата се распадна во крвава граѓанска војна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…