30 дена притвор за Катица Јанева – денес со полиција ќе оди на погребот од мајка си


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби триесетдневен притвор, мерка која ја изрече судијата на претходна постапка од Кривичниот суд, по четиричасовен распит, на барање од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Јанева од вчера е третоосомничена во случајот „Рекет“, за кој веќе во притвор се Бојан Јовановски – „Боки 13“ и Зоран Милевски – „Кичеец“.

Од Обвинителството соопштија дека Јанева е осомничена за злопотреба на службената положба и овалстување, бидејќи влијаела и издејствувала поволности на бизнисменот Орце Камчев осомничен во случајот „Имеприја“ на СЈО.

На барање на нејзиниот адвокат, Јанева денес со полициска придружба ќе биде спроведена на погребот на нејзината мајка која почина вчера утрото, непосредно пред нејзиното приведување.

„Во овој момент сметавме заедно со јавниот обвинител на Република Северна Македонија дека е неопходна оваа мерка. Истрагата може да трае максимално шест месеци и во тој рок треба да се подигне обвинение“, изјави обвинителската Рускоска по завршувањето на распитот и додаде дека немала политички притисоци за овој случај но и дека досега ова и било најтешко соочување бидејќи од другата страна се наоѓал нејзин колега.

На вчерашната прес конференција во Обвинителството, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кажа декаимаат непобитни докази дека Јанева влијаела на истрагата во „Империја“ во корист на Камчев и за тоа добила подароци – мебел вредени околу 300 илјади денари од еден од приведените во случајот „Рекет“.

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, беше приведена вчера околу 13 часот а потоа беа извршени претреси во нејзината канцеларија во СЈО од каде е одземен компјутерот но и во нејзините домови во Скопје и Гевгелија, од каде пак беше запленет мебелот кој ќе се користи како доказ.