Продолжува топлото и сончево време


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И денеска, четврток, 22 август, во Македонија ќе имаме сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Дневните температури ќе бидат во Скопје и Кавадарци 37, Маврово 29, Охрид 32, Крива Паланка 33, Битола 34, Берово 31, Дојран 39.

Прогнозата за утре без промени – сончево со мала до умерена облачност, слаб умерен ветер и дневни температури од 28 до 38 степени.

До недела ќе се задржи стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота, а од недела попладне и во наредните денови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.