25 искачувања на Монт Еверест – нов светски рекорд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот хималајски водич, Шерпасот Ками Рита, се искачи на највисокиот врв на светот по 25-ти пат, со што го собори својот рекорд за најмногу искачувања на Монт Еверест.

Рита и уште 11 други Шерпаси го искачиле врвот вчера во 18 часот по локално време, објави одделот за туризам, пренесува АП.

Тие се првата група алпинисти што го искачиле врвот оваа година и ги поправиле јажињата на ледената патека, така што стотици други планинари ќе можат да се искачат по таа патека подоцна овој месец.

Еверест од минатата година е затворен за алпинистите од јужната страна, која се наоѓа во Непал, поради пандемијата. Годинава се издадени 408 дозволи за странски алпинисти.

Рита (51) првпат се искачил на Еверест во 1994 година и оттогаш се искачува скоро секоја година.

Тој е еден од многуте водичи чија стручност и вештини се од витално значење за безбедноста и успехот на стотиците алпинисти кои пристигнуваат во Непал секоја година, сакајќи да го освојат планинскиот врв висок 8.849 метри.