18 месеци мислел дека е мртов и претворен во зомби

Некогашниот војник од Кралската британска морнарица, Ворен МекКинлеј, кој служејќи воен рок за својата држава дел од отслужувањето го поминал во војната во Босна и Херцеговина, е еден од најбизарните живи луѓе на светот, бидејќи, ни помалку ни повеќе, мисли дека е умрен и претворен во зомби.

Како што пренесува британски Daily Star, Ворен МекКинлеј, некогашен британски војник, живеел во чудна, алтернативна реалност цели 18 месеци, после која бил убеден дека е мртовец кој загинал во сообраќајна несреќа. 35-годишниот Британец од Есекс вели дека верувал оти неговата приказна звучи бизарно, но дека тој вистински верувал оти е загинат и дека неговиот дух, од некоја причина, не сака да ја напушти земјата.

„Бев уверен дека не морам да јадам затоа што сум мртов и затоа што нема причини да имам потреба од храна. Седев по неколку часа затворен во соба и одбивав да разговарам со било кого“, вели МекКинлеј опишувајќи ја својата здравствена состојба.

Таквата негова состојба била резултат на бројните оштетувања на мозокот и белите дробови, како и на коските од целото тело, откако Ворен настрадал во сообраќајна несреќа, после која лекарите се бореле за неговиот живот. Откако, по некое чудо, преживеал и бил пуштен од болница, набрзо се вратил под лекарски надзор, бидеќи било утврдено дека има Котардов синдром, поради кој мисли дека е мртов.

„Не можев да процесуирам во мојот мозок дека е оштетен, но сега знам дека тоа беше причината за моето мислење дека сум болен. Цело време знаев дека нешто не е во ред со мене, но немав поим за што станува збор. Се чувствував како дух, мртов човек кој оди“, вели Ворен.

Десет години после несреќата, Ворен тврди дека веќе не мисли оти е мртов, вели дека се бори со секојдневните предизвици кои ги предизвикува оштетувањето на неговиот мозок.