Анчелоти: Дали ќе го гледам Ел Класико? Можеби ќе плачам!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Викенов на програмата е шпанското „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, натпревар кој предизвикува најголема внимание ширум светот.

Запрашан за тоа дали ќе го гледа натпреварот, поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде многу интересен одговор.

„Не знам дали ќе го гледам Ел Класико. Се зависи од резултатот во петок против Мајнц. Ако не оствариме победа, тогаш ќе плачам и нема да го гледам натпреварот“, изјави Анчелоти.

Италијанскиот стручњак моментално се бори со мини-кризата која што ги зафати Баварците особено со многуте повредени играчи.

Бадштубер е повреден и не тренираше. Не конкурираат ниту Кингсли Коман и Џулијан Грин. За Чаби Алонсо и Артуро Видал ќе одлучам после тренингот, имаат некои проблеми. Натпреварот против Мајнц нема да биде лесен. Играат пресинг и против нив сме имале проблеми во последните години“, порача Анчелоти.