16 години од авионската трагедија во која загина претседателот Борис Трајковски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На 26 февруари, 2004 година, тогашниот македонски претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при урнување на авионот од типот „Кингер“ на 15-тина километри јужно од Мостар во Босна и Херцеговина.

Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. Повеќепати бил на студиски престој во САД.

До 1997 година бил раководител на правната служба во градежното претпријатие „Слобода“ во Скопје. Од 1997 до 1998 година бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода. Тој бил претседател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ и главен политички советник за надворешна политика на тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски.

Од 21 декември 1998 година ја извршувал функцијата заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија. На 15 декември 1999 година е инаугуриран за претседател на Република Македонија.

Роден е на 25 јуни 1956 година во Струмица.