10 милијарди светлосни години од нас: Оваа „точка“ е посветла од цела наша галаксија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откривањето на една од најдалечните суперсветли супернови ни овозможи да разбереме повеќе за периодот наречен „космички зенит“ (cosmic high noon). Овој период е карактеристичен по тоа што најголем број ѕвезди се создале во овој период.

Суперсветлите супернови се дури и до 100 пати посветли од нормалните супернови. Околу 3.5 милијарди години по Големиот Прскот (Big Bang), создавањето на ѕвезди го достигнало својот максимум во периодот на космички зенит. Со намалувањето на количеството иницијален гас присутен во галаксиите, се создавале сè помалку и помалку ѕвезди. Ѕвездите кои станале супернови, особено оние кои се суперсјајни супернови, имаат краток животен век. Според тоа, сè што експлодирало за време на космичкиот зенит се формирало во истото време.

Бидејќи периодот на космички зенит се случил пред 10 милијарди години, сè што откриваме од него е на оддалеченост од 10 милијарди светлински години. Новооткриената супернова, која го носи името DES15E2mlf, била откриена единствено поради нејзината извонредна сјајност – таа сјае со светлина трипати посилна од целиот Млечен Пат.

Досега откриените суперсветли супернови се наоѓале во галаксии со мала маса или џуџести галаксии. Поврзаноста помеѓу суперсветли супернови и мали галаксии се објаснува преку малата концентрација на елементи потешки од хелиум во овие галаксии. Се смета дека присуството на овие елементи спречува формирање на суперсветла супернова. Од друга страна, новооткриената супернова се наоѓа во галаксија со маса 3.5 милијарди поголема од таа на Сонцето. Згора на тоа, се претпоставува дека оваа галаксија има изобилство од вакви супернови.

Многу дилеми остануваат неразрешени. Во моментов, научниците работат на споредување на соодносот помеѓу нормалните и суперсветлите супернови. Иако тоа е засега недостижно, откривањето на суперсветли супернови од таа ера овозможува откривање на некои од мистериите кои ги кријат суперсветлите супернови.

Извор: Астрономија.мк