Ѕвездата од Game of Thrones: „Дел од мојот мозок практично умре“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Славната британска актерка, 32-годишната Емилија Кларк, која популарноста ја стекна преку улогата во култната и планетарно популарна серија „Game of Thrones“, доживеа аневризма, абнормално проширување на крвните садови поради оштетување или артериска слабост. Кралицата на змејовите вчера објави фотографии од болницата првпат по несреќата.

Првата аневризма ѝ се случила по завршувањето на снимањето на првата сезона на „Game of Thrones“ кога имала само 24 години. Во моментот кога почнало крварењето во мозокот, таа вежбала со личен тренер. Набргу се нашла во болница на испитување, а лекарите ѝ дијагностицирале субарахноидално крварење, што се смета за мозочен удар. Една третина од пациентите умираат набргу по ударот.

Таа се плашела дека веќе нема да може да глуми. Со оглед на тоа што во еден момент воопшто не можела да зборува, тој страв не бил целосно неоснован.

„Во најлошите моменти што ги преживував бев на работ да го замолам медицинскиот персонал да ме пушти да умрам“, додаде таа.

Набргу ѝ беше дијагностицирана друга аневризма, која можеше да пукне во секое време, но исто така и да остане непроменета.

Емилија Кларк не знаеше дека ја очекуваше уште полошо искуство. Кога на редовна контрола дознала дека се зголемила нејзината втора аневризма, таа се одлучила за операција. Но, операцијата не поминала добро и се разбудила врескајќи од болка. Лекарите потоа повторно ја оперирале успешно и овој пат сè поминало добро.

Актерката неодамна основа добротворна организација за помош и рехабилитација на млади луѓе што преживеале аневризма или мозочен удар.