Home Шоубизнис Ѕвездата на „Полна куќа“ после завршување на серијата станала зависник од дрога и алкохол

Ѕвездата на „Полна куќа“ после завршување на серијата станала зависник од дрога и алкохол

Стефани Таннер од серијата „Полна куќа“, односно глумицата Џоди Свитин, денес има 35 години. Со само 5 години стана светска ѕвезда, но уште во тинејџерски денови стана алкохоличарка, а на 20 се навлече на дрога.

Нејзиниот живот од почетокот не бил лесен – ја посвоиле вујкото и неговата сопруга. Нејзините родители биле во затвор кога таа се родила. Шанса за подобар живот добила веќе на 4 години, кога се појави во реклами за хот дог. А на само 5 години ја доби улогата Стефани Таннер која ја играше 8 години.

Беше прогласувана за чудо од дете, на сфера на глумата, но заради проблеми со алкохол и дрога не оствари значајни улоги. Наместо некои добри улоги, таа помина неколку години во клиники за одвикнување.

Џоди Свитин сега тврди дека се излечила и дека е трезна веќе 6 години. Во меѓувреме 3 пати се омажи и разведе, сега се припрема да стапи во четвртиот брак. Во непосредно време се врати да глуми во римејкот на серијата која ја вивна во ѕвездите.

A post shared by Jodie Sweetin (@jodiesweetin) on

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Рабин го критикуваше Адам Броди поради неговите коментари за Палестина

Адам Броди неодамна откри дека го поддржува движењето за слободна Палестина. Во интервју з…