Home Спорт Ѕвездата на Рома флертува со Јувентус

Ѕвездата на Рома флертува со Јувентус

Офанзивниот играч за врска на Рома, Николо Заниоло ја воодушеви фудбалска Италија оваа сезона.

Минатото лето Заниоло пристигна од Интер, во рамките на трансферот за Раџа Наинголан, а во последно време е незаменлив во составот на „Волчицата“. Рома се обидува да му понуди нов договор, но европските гиганти веќе работат да го донесат во своите редови.

Јуве веќе преговара со неговиот агент, се обидува да дојде до информација колку е потребно за Заниоло да се пресели во нивните редови. Идејата која ја има спортскиот директор е слична на онаа која е спроведена за време на ангажманот на Федерико Бернандески од Фиорентина, па така Рома би можела да добие идеална прилика следното лето да заработи големи пари.

И самиот Занило не крие дека би сакал да се пресели во Торино и да го облече дресот на Јувентус.

„Јас сум среќен во Рома, но кој не би сакал да игра во Јувентус? Оставам на Рома да одлучи за мојата иднина“, изјави младиот Италијанец.

https://twitter.com/9Sport1/status/1125702186137280513

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…