Home Наука и техонологија „Ѕверов“ го нудат на продажба: Редок примерок на Pagani Huayra Roadster со само 437 изминати километри

„Ѕверов“ го нудат на продажба: Редок примерок на Pagani Huayra Roadster со само 437 изминати километри

Pagani Huayra Roadster се смета за многу редок спортски автомобил со само 100 постоечки примероци во светски рамки. Но, примерокот што моментално е понуден на продажба во САД е уште позначаен и посебен заради нејзината боја.

Имено, автомобилот го продава американскиот дистрибутер Пагани Беверли Хилс. Произведен е во 2018 година, кога е обоен во „екстремно ретката“ мат-црна боја Grigio Opaco.

Драматичниот дизајн на Huayrа е акцентиран од голем број сјајни карбонски компоненти кои ја украсуваат убавата каросерија, и вклучуваат преден разделник, активни воздушни сопирачки на предниот и задниот капак, страничните ретровизори и задниот дифузер.

Внатрешноста е тапацирана во комбинација на црно-бела кожа. Автомобилот поминал само 437 километри и е во фабричка состојба. Тоа е 92-от модел што излегол од производната линија, а кој е придвижуван од 6,0-литарски твин-турбо V12 мотор кој развива 754 КС и 1000 Nm вртежен момент, а чија моќност се пренесува на задните тркала преку автоматски рачен менувач со седум брзини.

Потребни се само три секунди за забрзување од 0 до 100 км на час, а најголемата брзина е 338 км на час. Кога бил нов, автомобилот чинел 2,6 милиони долари.

Овој модел е полесен од стандардниот Roadster и е ограничен на само 40 произведени единици. Моменталната цена е непозната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…