Home Рецепти Направете велигденска плетенка

Направете велигденска плетенка

Голем празник ни претстои и време е да ги подвиткаме ракавите и да подготвиме богата трпеза.

Зошто да не ги изненадите годинава вашите домашни со вкусна велигденска плетенка? Плетенката е свечен леб, кој покрај добриот вкус на трпезата преставува и убав празничен декор. Може да биде округла, овална или во облик на срце.

ПЛЕТЕНКА – СОСТОЈКИ:

500 г бело брашно

ќесичка сув квасец

2 јајца, белки

50 г шеќер

ванилин шеќер, сол

250 мл слатка павлака

млеко за премачкување

ПЛЕТЕНКА – ПОДГОТОВКА:

Сипете го брашното во подлабок сад и измешајте го со сувиот квасец. Додадете малку топла вода, слатка павлака и останатите состојки, подгответе тесто и оставете го да нарасне. Формираме три стапчиња од тестото, плетеме плетенка и ја ставаме во сад за печење. Измешајте жолчка и лажица млеко и премачкајте ја плетенката. Печете ја добри пол часа на 180-200 степени Целзиусови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

„Boy Kibble“: TikTok тренд кој сите го копираат – но дали навистина вреди?

Ако сте последниве денови скролувале на TikTok, големи се шансите дека сте наишле на новио…