„Ѕвер“ од Астон Мартин на две тркала со машина моќна колку болид од Формула 1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој ѕвер на две тркала е производ на соработката со Brough Superior, овој мотоцикл во ограничена едиција испорачува 25 проценти повеќе моќ од неговиот претходник. AMB 001 Pro има максимална моќност од 165 kW (225 КС), што претставува специфична моќност од 1,28 КС/кг. Ова се вредности што го ставаат до Формула 1 болид, за да може гордо да носи дизајн инспириран од болидот Валкира.

Станува збор за ограничена серија мотоцикли кои не се наменети за употреба на патиштата. Ќе бидат произведени само 88 примероци, а првите испораки се очекуваат на крајот на следната година. Цената не е објавена, но очекувајте дека најлесниот Aston Martin (тежи само 175 килограми) ќе чини најмалку 120.000 евра.