Зошто фудбалските судии никогаш не носат брада?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обидете се да се сетите кога последен пат сте виделе фудбалски судија кој носи брада?

Сигурно не сте виделе никогаш, освен ако не ги познавате Џеф Винтер и Роџер Дилкес, судии кои судеа во ниските англиски лиги – но и тие двајцата мораа да се избричат.

Причината е едноставна. Фудбалскиот сојуз им налага на судиите да се бричат, и да ги прикриваат тетоважите доколку ги имаат кога се на терен.

Англичаните им упатија порака на судиите од ниските рангови дека доколку сакаат да судат во Премиер лигата, мораат да имаат глатно избричени лице.

„Сан“ наведува дека тој кодекс мора да се почитува, бидејќи тетоважите и брадата кај судиите не се пожелни.