Zoom апликацијата „растура“ во време на коронавирус – сите ја користат за „виртуелно дружење“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако светот за брзо време буквално е преплавен од епидемијата на коронавирусот, а општеството и општествено-социјалниот живот веќе ја плати цената заради мерките кои се воведени како заштита од вирусот, апликација која претходно се користеше за деловни видео и конференциски повици нагло стана многу популарна, бидејќи луѓето се наоѓаат во изолација поради пандемијата коронавирус, пренесува Хаштаг.

Сега ја користат семејствата и пријателите за во „живо“ да се дружат и додека не се едни покрај други, а тоа го потврдија и од Zoom.

„Во последно време видовме голем скок во бројот на корисници, но и користењето на самата апликација“ – рече директорот на компанијата, Ерик Јуан.

Колку стана популарна оваа апликација покажува и тоа што е на врвот преземани апликации за iPhone и Android корисници, а податоците покажуваат и дека за време на минатата недела е веднаш зад ТикТок по бројот на преземања. За време на тој период добија скоро 20 милиони нови корисници, пишува Business Insider.

Зошто многу луѓе ја користат?

Доколку зборувате со пријателите или членови од семејството, не би било лошо да изгледате најдобро што можете, а Zoom има вграден филтер за разубавување. Освен тоа, на многумина им се допаѓа и тоа што можете да ја менувате позадината зад вас, па така можете да седите во својата дневна соба, а оној со кој зборувате зад вас да гледа цела галаксија.

Но, она што на корисниците најмногу им се допаѓа е функционалноста на апликацијата. Zoom постојано го подобрува квалитетот на повиците, а можете да ги снимате и своите разговори.