Home Шоубизнис „Зоне замфирско“ исфрлена од серијата откако ја исшамари продуцентката

„Зоне замфирско“ исфрлена од серијата откако ја исшамари продуцентката

Познатата српска актерка Катарина Радивојевиќ е исфрлена од серијата „Ургентен центар“ откако ја исшамари продуцентката, открива сопственикот на продукциската куќа Горан Стаменковиќ за српски „Курир“.

Актерката неодамна се пожалила пред медиумите дека сакала да ја продолжи соработката и во втората сезона од „Ургентен центар“, но дека била одбиена од надлежните кои одлучувале за тоа.

A post shared by petra macura (@petra_macura_) on

„Тоа што Радивојевиќ изјави дека не е веќе во серијата бидејќи не го добила бараниот хонорар, нема врска со реалноста. Најважно е дека имаме добра атмосфера на сетот, а таа не се вклопува во тоа“, беше одлучен Стаменковиќ.

Радивојевиќ балканската слава ја стекна со улогата на Зона Замфирова во истоимениот филм, а светот ја запозна и како (денес бивша) девојка на Бенисио дел Торо. За неа приказната со Торо е завршена бидејќи од таа врска Катарина сакала „сè или ништо“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …