Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На три и пол години пред почетокот на Светското фудбалско првенство на кое во 2022 година ќе биде домаќин, Катар свечено ја пушти во употреба својата прва метролинија, која нормално, е одлика на раскошот, вртоглавиот луксуз и екстраваганција по кои се познати шеиците кои ја раководат оваа земја.
„Никогаш не мислев дека додека сум жив ќе видам метро во Доха“, изјави пензиониран работник на авионската индустрија истакна дека сите се многу горди.
Како и голем број други корисници на метрото, и тој вчера го снимал возењето и го зачувал билетот како спомен на тој историски момент.
Црвената метро линија ги поврзува стадионите Вакраг и Лусаил, каде што ќе се играат натпревари од Светскиот шампионат во 2022. Другата линија долга 40 километри ги поврзува меѓународниот аеродром Хамад и центарот на Доха, но сѐ уште не е во функција.
Целосната мрежа на подземната железница ќе биде отворена во 2020 година и ќе вклучува три линии – црвена, зелена и златна, и 37 станици.
Жителите на Доха се навикнати на автомобили и чести се сообраќајните застои, па Катар реил, државната метро компанија, се надева дека новото превозно средство поприлично ќе се користи.