Home Актуелно Зина земја – ги голтна: Каде отидоа преку ноќ 60 милијарди во биткоини?

Зина земја – ги голтна: Каде отидоа преку ноќ 60 милијарди во биткоини?

Што ли се случи? Е прашањето кое си го поставуваат трговците со криптовалути, откако за еден ден пазарот на криптовалути изгуби огромни 60 милијарди долари поради паднот на биткоин, етерум и рипл, а пазарната вкуна вредност на криптовалутите падна на 320 милијарди долари на глобално ниво.

Главната причина за огромниот пад пред се на биткоинот е новите построги правила во Кина и Индија со кои значително се ограничуваат криптовалутите, па така и инвеститорите се повеќе ја губат довербата и престануваат да вложуваат.

Исто така голем проблем и е неизвесноста на битконот кој откако достигна рекордна вредност од речиси 20 илјади долари не престанува да паѓа и сега има вредност од нешто под 7000 долари што е за прв пат од ноември 2017 година.

Моменталната вредност на биткоинот додека го пишуваме овој текст изнесува 6200 долари што е најниско во текот на овој ден на тргување кој биткоинот го отвори со вредност од 6914 долари и бележи пад од неверојатни 10% за неколку часа.

Кинеската централна банка најави поголема контрола врз граѓаните кои имаат трансакции со биткоини и почетни крипто понуди во странство со цел да се заштити кинескиот девизен и валутен пазар. Во Индија состојбата е исто така лоша за инвеститорите бидејќи државата најави целосно сопирање на тргувањето со криптовалути, ICO и нивна размена во странство.

Извор: Фактор

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…