Зидан преку WatsApp им ја соопштил одлуката на играчите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доскорешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одлуката за напуштање на кормилото им ја соопштил на преку социјалната мрежа „WatsApp“, пренесува шпанскиот медиум „Кадена Копе“.

Зидан најпрво разговарал телефонски со капитенот Серхио Рамос, за да го информира, а после тоа тој на сите фудбалери им испратил порака со текст:

„Благодарам за се. Ништо од постигнатото немаше да биде можно без вашата поддршка во најтешките моменти. Ќе се видиме наскоро, прегратки“.

Французинот зборувал со претседателот Флорентино Перез во среда, а еден ден покасно веста беше објавена официјално. Готово сите фудбалери на „кралскиот“ клуб јавно му се заблагодарија на тренерот.