Зидан после дебаклот: За Атлетико ова не беше пријателски меч, поразот не ме загрижува!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид во пријателски меч го декласира градскиот ривал Реал со неверојатни 7:3.

После тешкиот пораз Зидан изјави дека не е загрижен и тврди дека за нив ова било само пријателски натпревар, а за Атлетико не.

„Овој пораз боли, но не ме загрижува. Се случи и не може да побегнеме од тоа. Ужасно го отворивме натпреварот и по десет минути губевме 2-0. Беше тешко да се вратиме и тие тоа го искористија. Немојте да мислите дека играчите не се свесни што им се случи. Разочарани се, но верувам во нив и знам дека нема да ме изневерат. Мора да останеме мирни, ова е само подготвителен меч. Кога ќе почне сезоната сигурен сум дека работите ќе се сменат и ќе бидеме потивирани“, истакна Зидан.

„Денеска ова беше пријателски натпревар за нас, но не и за Атлетико“. Заклучи на крајот тренерот на „кралевите“.