Жесус: Ристовски ни донесе квалитет!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Спортинг Лисабон, Жорге Жезус не го криеше задоволството од играта на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во ремито со Јувентус.

Ристовски синоќа беше стартер против Јувентус во Лигата на шампиони и одлично го чуваше Манџукиќ.

„Одигра одличен натпревар. Со него добивме на квалитет. Го сопре Манџукиќ кој тешко се чува. Штета што се повреди пред крајот па не го доигра натпреварот“, изјави Жезус.

Спортинг синоќа одигра 1:1 со Јувентус, Ристовски поради повреда беше заменет во судиското надополнување.