Жешката кувајтска водителка ја избркаа од работа поради оваа банална причина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Телевизиската водителка на шоу програмата во Кувајт, Амал Ал-Авдахи, беше избркана од работното место поради големиот број на гледачи кои се побуниле за нејзиниот фустан кој го носела, пренесува Daily Mail.

Aмал Ал-Авдахи тврди дека уште за време на емисијата слушнала дека веднаш треба да се прекине емитувањето.

„Слушнав како некој вели: Престанете со емитување или веднаш ќе го уништи каналот”, рече водителката за британскиот таблоид. За ситуацијата да биде апсурдна, она што било спорно е белиот фустан кој бил провиден на поединечни места, а гледачите сметале дека тој фустан не е соодветен за носење за време на Рамазан.

Амал тврди дека водела сметка за тоа како се облекува и што ќе зборува токму поради празникот Рамазан, па затоа не разбира во што е проблемот со фустанот.

„Со оглед на тоа дека емисијата се емитуваше за време на Рамазан, дополнително внимавав што ќе носам и зборувам. Внимавав да не биде ништо против традицијата”, рече таа.