Home Актуелно Жешка среда со температури до 40 Целзиусови

Жешка среда со температури до 40 Целзиусови

Денешниот јунски ден во Македонија носи сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 40 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 39 степени. Mаврово 30, Охрид 32, Битола 37, Крива Паланка 35, Берово 33, Кавадарци и Дојран 40.

Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени, а најтопло ќе биде во четврток и петок кога на места и особено на југоистокот ќе го надминуваат и 40-тиот степен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…