Земјотрес во Премиер лигата – доаѓа Левандовски!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претходните денови Левандосвки и неговиот агент јавно го искажаа своето незадоволство од Баерн Минхен, а денес е откиена позадината на целата ситуација.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен на офанзива по потписот на Роберт Левандовски и дека Конте во него гледа идеален наследник на Диего Коста.

Само пред два дена агентот на полскиот голгетер, Мајк Бартел откри дека Левандосвки е разочаран од тренерот Анчелоти и од соиграчите кои не му помогнале да стане најдобар стрелецво Бундес лигата.

Полските медиуми исто така пишуваат за интересот на Челзи, но тврдат дека сеуште не се започнати преговори. Во Баерн се мирни бидејќи играчот има договор до 2021 година и нема да го продадат доколку самиот не побара трансфер.

Сепак, Челзи сака да ја искористи ситуацијата и во наредните денови ќе започне преговори со агентот, а наводно и самиот Левандовски е заинтересиран за преселба во Премиер лигата.

Останува да видиме како ќе се развива целата ситуација во следните недели, а „Мирор“ тврди дека Челзи е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис.