Home Спорт Завршува преодниот рок во Кина: Тимот на новајлии е ИМПРЕСИВЕН!

Завршува преодниот рок во Кина: Тимот на новајлии е ИМПРЕСИВЕН!

Кинеските фудбалски клубови повторно беа активни на трансфер пазарот, иако оваа година немаше бомбастични трансфери.

Меѓутоа, вчерашната продажба на двете ѕвезди на Атлетико, Караско и Гаитан во Далијан Јифанг, повторно го потресе фудбалскиот пазар, па медиумите го составија тимот од најатрактивните имиња кои оваа зима пристигнаа во Кина.

Недостасува само голман, но оваа зима ниту еден голаман не ја засили кинеската Супер лига, но тоа не е чудно бидејќи клубовите не сакаат да трошат пари на голмани и главно во сите клубови бранат домашни голмани.

Најскап фудбалер кој се пресели во Кина е напаѓачот на Виљареал, Сердик Бакамбу кој го засили Гоан за 40 милиони евра.

Најголема ѕвезда меѓу кинеските засилувања секако е Хавиер Маскерано кој од Барселона се пресели во Хабеи.

Еве како изгледа тимот со фудбалери кои оваа зима пристигнаа во Кина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…