Заврши одморот на Лео Меси, утре се враќа на тренинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Супер-ѕвездата на Барселона, Лионел Меси го заврши одморот и утре ќе ги започне подготовките за новата сезона.

Меси одмараше цел месец откако на 30-ти јуни беше елиминиран од Светското првенство. Тој заедно со Пике, Бускетс и Жорди Алба утре ќе им се придружат на соиграчите на припремите во САД.

Четворицата утре ќе поминат редовни медицински прегледи пред да ги започнат подготовките. Првиот официјален меч на Барселона е на 12-ти август со Севиља во Суперкупот на Шпанија.