Завршен удар на Русија: Ќе биде елиминиран секој што ќе остане во источен Алепо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истовремено, додека руските и сириските сили ги ослободуваат последните делови од источен Алепо, американските дипломати се обидуваат да ги договорат условите за предавање на бунтовниците.

Руските власти порачаа дека секој кој што ќе одбие да ги напушти деловите на источен Алепо кои се под контрола на бунтовниците ќе биде сметан а легитимна мета. После неупешните преговори со САД, шефот на руката дипломатија Сергеј Лавров изјави дека ако некој одбие да го напушти Алепо според поставените услови, ќе биде елиминиран.

Друг излез нема, порача шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Истовремено, според сознанијата на новинарите на The Washington Post, сириските бунтовници веќе започнале да преговараат со дипломати на Соединетите Американски Држави за нивно предавање и евакуација од градот.

Американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека оваа седмица ќе се состане со неговиот руски колега за да разговараат околу предлозите на бунтовниците. Меѓутоа, изјавата на Лавров дека сериозните преговори на Русија со партнерите (САД) не функционираат ја стави под знак прашалник руската подготвеност да ги продолжи преговорите со актуелната администрација.

Според мислењето на Лавров, резолуцијата за седумдневното примирје која што САД ја изнесе пред Обединетите нации, само е уште еден доказ дека американските функционери не ги поддржуваат напорите на Џон Кери за дипломатско решение.

Тажно е што западните нации кои што зборуваат за грижата поради човековите права и хуманитарната ситуација во Алепо, во суштина само ја продолжуваат политиката за поддршка на радикалите и екстремистите, изјави Лавров.

Сириските бунтовници кои што се отсечени во источен Алепо, денес побарале итно петдневно примирје, преговори за иднината на овој сириски град и евакуација на здравствено критичните случаеви, а барањата ги изнеле во објавениот хуманитарен план денес кој што бил испратен до меѓународната заедница.

Во документот со назив Хуманитарна иницијатива, се бара од сите вмешани страни да разговараат за иднината на Алепо откако ќе биде подобрена хуманитарната ситуација во делот од поделениот град кој што е под контрола на бунтовниците. Исто така, во документот се повикува на евакуација на околу 500 здравствено критични случаеви од источен Алепо под надзор на Обединетите нации.

Бунтовниците во документот истакнуваат дека ќе поддржат било каква регионална или меѓународна иницијатива за да се ублажи патењето на народот и ја повторуваат својата подготвеност да им ја гарантираат безбедноста на Обединетите нации и сите хуманитарни организации кои што сакаат да изведат хуманитарни операции во Алепо.

Откако сириската војска кон средината на ноември започна голема операција за ослободување на Алепо, најмалку 80 илјади луѓе го напуштиле источниот дел од градот кој делумно се наоѓа под контрола на бунтовниците. Пред офанзивата на силите на Асад во источниот дел на Алепо живееа околу 250 илјади жители.