Home Актуелно Засега над 70 жртви од стравичната експлозција во Бејрут – денес во Либан ден на национална жалост

Засега над 70 жртви од стравичната експлозција во Бејрут – денес во Либан ден на национална жалост

Денешниот ден во Либан е прогласен за ден на национална жалост за жртвите од големи експлозии што вчера разорија поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина.

Според последните информации, притоа загинале над 70 луѓе, додека околу 4.000 биле повредени. Либанскиот премиер Хасан Диаб изјави дека експлодирал складиран 2.750 тони амониум нитрат „Неприфатливо е товарот на амониум нитрат, проценет на 2.750 тони, да се чува складиран шест години, без никаков надзор“, рече тој, додавајќи: „Ви ветувам дека оваа катастрофа нема да помине без одговорност. Одговорните ќе ја платат цената“, рече тој во телевизиското обраќање.

Експлозијата беше шокантна дури и за тој град кој беше сцена на долгогодишно бомбардирање за време на граѓанската војна, самоубиствени бомбашки напади и израелски бомбардирања. Очевидци изјавиле дека тоа било како нуклеарна експлозија, објави Асошиетед Прес.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб синоќа изјави дека одговорните за големата експлозија во опасниот магацин во бејрутското пристаниште, ќе ја платат цената за тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…