Home Актуелно ДПА ја прифати понудата од СДСМ да биде дел од новата влада формирана од нив

ДПА ја прифати понудата од СДСМ да биде дел од новата влада формирана од нив

Мендух Тачи, претседател на Демократската партија на Албанците (ДПА), ја прифати понудата од Зоран Заев, лидерот на СДСМ, да биде дел од новата влада, објави партискиот претставник, Азем Садику.

Азем Садику од ДПА ја потврди информацијата по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски која се одржа вчера во Клубот на пратениците и најави дека за деталите ќе разговараат работните групи. На правата средба, како што кажа тој, не се разговарало за ресорите.

„Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата со претседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканат. Формирани се работни групи кои ќе ги предводат претседателот и секретарот на СДСМ, Љупчо Николовски“, рече Садику.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…