Зарина Првасевда со песна „ја распука Шар Планина“ над Караниколичко Езеро (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со апел преку песна дека треба што повеќе и посериозно да се грижиме за природните богатства кои ги имаме, девојката која на Фејсбук е регистрирана под профилот Зарина Првасевда, го разлеа својот раскошен глас на падините на Шар Планина со изведба на „Распукала Шар Планина“ испраќајќи ја пораката:

„По повод веста за најмалку 600 хектари запалена, исечена или оштетена шума на Шар Планина а дополнително колку многу штета нанесена на природата со пожарите што дивееја насекаде низ државава, со загадувања заради човечки фактори т.е расфрлани отпадоци ( хартија, пластика, отпушоци и сл.) ВИ СЕ ОБРАЌАМ СО АПЕЛ на јазикот кој налесно го говорам, песната, а пак со видеово како нагледно средство за да видите што уништувате, па можеби и ќе ви се нажали …

Другари, им требаме на Шара, Галичица и Баба ..и требаме на природата а и таа нам! Ајде да се обидиме сите, секој тргнувајќи од себе особено кога никој не не гледа свесно да ракуваме со неа, подадете ми рака и отворете срце заеднички и со многу љубов да го зачуваме и гаиме најубавото и најдрагоценото што бесплатно го добиваме во ова мало парченце земја! А во меѓувреме, појачајте тон, насмевнете се и размислувајте на која тура ќе ни се приклучите за заедничка радост, насмевки и песна“.