Home Актуелно Запрен без никакво образложение: Максим Димитриевски преку видео се пожали на полициски притисок по кумановските улици (снимка)

Запрен без никакво образложение: Максим Димитриевски преку видео се пожали на полициски притисок по кумановските улици (снимка)

Актуелниот кумановски градоначалник и кандидат за нов мандат, Максим Димитриевски, денеска, одејќи како што кажа самиот да прими терапија кај својот матичен лекар бил следен од возило на Министерството за внатрешни работи подолг временски период на неколку улици.

Тој е запрен од полицијата на една од улиците во Куманово и повеќе од 15 минути е задржан , без никакво образложение, земени му се документите и не му се соопштува која е причината за тоа. Полицијата бара возилото во кое е Димитриевски да биде технички испитано.

Оваа информација ја испратија до медиумите од иницијативата „За наше Куманово“.

Видео со случувањата објави и самиот Димитриевски на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…