Запознајте го островот на смртта: Ваму луѓето ги праќале за да умираат


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Спиналонга беше една од последните европски колонии за лепрозни, активна од 1903 до 1957 година. На овој грчки остров во Средоземното Море биле испраќани луѓе, кои боледувале од Хансонова болест за да ги изолираат од општеството и да се спречи епидемија.

Иако планот бил заболените на Спиналонга ги дочекаат последните денови, тие не живееле во сиромаштија, туку ја добивале потребната храна и лекови. Некои дури и основале семејства и деца, кои не боледувале од оваа опасна болест.

Жителите се грижеле едни за други, дури отвориле кафеана, берберница и Црвка на Свети Пантелејмон, која ја водел здрав свештеник.

Островот некогаш и припаѓал на Млетачката Република, која поради стратешката положба се користела како тврдина за заштита од Турците.

На островот и денес можат да се видат остатоци од импресивните кули и ѕидини кои претставуваат туристичка атракција.

На Спиналонга повеќе никој не живее, но таа не е заборавена. Поврзана е со редовна бродска линија со Крит и другите острови, а поради големата убавина, ја посетуваат голем број туристи.