Home Спорт Запознајте го најголемиот „џокер“ во европскиот фудбал!

Запознајте го најголемиот „џокер“ во европскиот фудбал!

Иако не е миленик на поголем дел од фановите на Милан, сепак Фабио Борини секогаш го дава најдоброто од себе си на теренот и е спремен да се жртвува за тимот.

Доказ за тоа е и фактот што Борини во 2018 година играше на сите можни позиции во тимот, освен на голманската и како централен дефанзивец.

Борини е вистински „џокер“ во тимот и Гатузо знае дека секогаш може да смета на него, па го користи на различни позиции во зависност од потребите.

Борини синоќа протов Емполи играше како централен напаѓач, а неговата природна позиција е крило, каде може да игра на левата и десната страна.

Меѓутоа Гатузо често го користи и како десен, а еднаш и како лев бек. Притоа, Борини има играно оваа година и на сите позиции во средниот ред.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…