Роналдо во голем проблем: Девојка објаснува како и извршил грозоморен чин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот весник „Шпигел“ пред скоро две години ја објави веста дека Кристиано Роналдо и платил на жена која ја силувал да молчи за инцидентот.

Супер-ѕвездата на светскиот фудбал би можел да има сериозни проблеми, бидејќи девојката сега за прв пат проговори, а нејзините адвокати поднесле барање за целиот случај одново да се отвори.

Имено, 34-годишната Кетрин Мајорга од Лас Вегас тврди дека Роналдо анално ја силувал на 12 јуни, 2009 година во неговиот апартман во хотелот „Палмс“ во Лас Вегас.

Мајорга тврди дека го запознала Роналдо во VIP делот на ноќен клуб во Лас Вегас каде тој и пришол и и понудил пијачка. Му го дала својот телефонски број и потоа со нејзините пријателки и неговата придружба се нашле во фоајето на хотелот „Палмс“.

Сите заедно отишле во неговиот апартман и влегле во џакузито, а таа отишла во бањата за да се пресоблече. Роналдо влегол по неа.

„Го туркав од мене, а тој се обидуваше да ме соблече, но не успеа. Но, ме собори, ја штитев вагината со двете раце додека беше над мене и потоа се случи тоа што се случи“, сведочи жената.

Доколку судот од Невада го поништи договорот за тајност, Кристиано Роналдо би можел да биде во сериозни проблеми бидејќи се говори дека во мејл од играчот до неговиот адвокат, Португалецот вели дека девојката не врескала и не повикала помош, но во неколку наврати кажала не и барала да престане.

Кристиано Роналдо секогаш тврдел дека сексот со Катрин Мајорга бил согласен, но адвокатите на Американката се убедени дека токму претходната преписка на играчот без сомнеж покажуваат дека тој ја силувал.