Започна спасувачката акција: Две момчиња безбедно извлечени од пештерата во Тајланд (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првите две деца, од групата на 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер заробени во пештерата во Тајланд, безбедно се извлечени на површината, изјави службеник од спасувачките операции за Ројтерс.

„Две деца се надвор. Во моментов се во адаптираната болница во близина на пештерата. Најпрвин ги прегледуваме физички. Се уште не ги префрламе во главната болница Чианг Раи“, изјави Тосатеп Бонтонг, шефот на здравствените служби во провинцијата и дел од спасувачкиот тим.

Спасувачката операција која започна утрово се одвива побргу и од најоптимистичките прогнози дадени од надлежните.

Во спасувачката операција вклучени се вкупно 18 нуркачи, од кои 13 се странци. Делови од пештерата и натаму се под вода па за минување низ некои премини ќе мора да се користи нуркачка опрема.

Според планот, децата ќе биде поделени во 4 групи – тренерот ќе биде во последната група. Најголем предизвик ќе бидат тесните премини низ кои децата ќе мораат да нуркаат.