Започна наградната игра „Мој ДДВ – моја награда“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од денес е пуштена во оптек нарадната игра „Мој ДДВ- Моја награда“. Со секое скенирање на фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од речиси 4.000 награди.

Вкупно половина милион евра е фондот кој се потроши за оваа наградна игра. Секој ден ќе се доделуваат 10 дневни награди од кои 4 од по 1.000 денари, 3 од по 2.000 денари и 3 од по 3.000 денари. Недобитните сметки од дневниот циклус ќе влезат во месечното извекување за 15 награди од по 100.000 денари како и за двете главни премии од 3.000.000 денари. Извекувањето на дневните награди ќе се врши по електронски пат и по случаен избор. Добитниците ќе добијат известување веднаш по скенирањето на сметката. При презентацијата на наградната игра министерката за финансии Ангеловска изјави дека е креирана по примерот на неколку развиени земји со цел намалување на сивата економија.

Ги стимулира граѓаните да се борат во борбата против сивата економија, со тоа што ќе бараат фискални сметки, ќе ги скенираат и она што е убавината и што верувам дека сите ќе ја видете ќе ја користите е што добиваат инстант фидбек. Некого го мотивира да добие веднаш инстатен фидбек дали добил нешто или не, некој е спремен да чека на долг рок да види дали ќе биде извлечен што значи дека се земени во предвид различни елементи – изјави Нина Ангеловска- Министерка за финансии.

Дел од граѓаните кои скенираа фискални сметки го добија повратот од ДДВ на своите трансакцискии сметки, но дел се пожалија на социјалните мрежи дека немаат добиено поврат .Иако првичната најава беше дека до карајот на претходната недела сите 180.000 граѓани ќе добијат поврат на ДДВ, досега пари добија само 90.000 граѓани. Од Управата за јавни приходи велат дека станува збор за технички застој,но уверуваат дека ќе до запазат законскиот рок и до крајот на овој месец ќе биде извршена исплатата на сите граѓани кои скенираа сметки.