Home Актуелно Сончев понеделник

Сончев понеделник

Првиот работен ден од оваа седмица во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје и Маврово 9 Целзиусови степени, Охрид, Битола, Кавадарци и Крива Паланка 12, Берово 13, Дојран 16 степени.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено. Дневните температури ќе бидат во пораст – Скопје 11, Маврово и Охрид 12, Битола и Крива Паланка 14, Кавадарци 13, Берово 15, Дојран 17.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…