Home Вебкафе Запленето Ферари го направија полициско возило за со него да ги ловат бесните возачи

Запленето Ферари го направија полициско возило за со него да ги ловат бесните возачи

Ферари кое го заплениле од криминалци чешката полиција ќе го употреби за гонење на „најагресивните возачи“ на автопатите во земјата. Сребрениот ферари 458 Италија, кој нов чини нешто под 200.000 евра, може да развие брзина до 325 километри на час.

Сега има сини и жолти ленти како секој друг чешки полициски автомобил, но само специјално обучени полицајци смеат да седнат зад неговиот волан. Трошокот за пренамена на спортскиот автомобил за полициска употреба бил нешто под 14.000 евра, според чешките медиуми.

Шефот на одделот за сообраќај на чешката полиција Јиржи Зли кажа дека ферарито е запленето од криминалци и дека ќе се користи за повеќе задачи, како „потера по крадливците на автомобили кои минуваат низ Чешка бегајќи од соседни земји“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…