Home Актуелно Претпладне жешко, попладне дестабилизација на места со поројни дождови

Претпладне жешко, попладне дестабилизација на места со поројни дождови

Денеска, среда, 27. јули, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 37-от Целзиусов степен, Маврово 29, Охрид 33, Битола 35, Крива Паланка и Берово 33, Кавадарци 38, Дојран 39.

Утре од пладне и попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневните температури ќе се движат од 24 до 36 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…