Home Спорт Запален факелот во древната Олимпија за Зимските олимписки игри 2018

Запален факелот во древната Олимпија за Зимските олимписки игри 2018

Во вторникот, на родната почва од Олимписките игри, во славната античка Олимпија беше запален олимпискиот факел со кој на 9 февруари 2018 година официјално ќе бидат отворени Зимските олимписки игри во Пјонгјанг, Јужна Кореја.

Факелот е запален со пламенот од пробата што беше одржана во понеделникот затоа што денес било невозможно да се запали со помош на конкавен рефлектор бидејќи над древната Олимпија немало сонце.

На кратката церемонија во Олимпија присуствуваше и премиерот на Јужна Кореја, Ли Нак Јеон, додека поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Парк Ји Сунг, беше првиот спортист од оваа земја што го понесе факелот.

Факелот на Парк Ји Сунг му го предаде грчкиот нордиец Апостолис Агелис, кој со факелот прв истрча од древниот стадион.

Олимпискиот факел во Јужна Кореја ќе пристигне на 1 ноември.

Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ќе започнат на 9 февруари, ќе завршат на 25 истиот месец, а спортистите ќе се натпреваруваат во седум спортови, 15 дисциплини, односно во 102 натпреварувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…