Home Спорт Замина еден од најголемите на сите времиња – почина Диего Марадона

Замина еден од најголемите на сите времиња – почина Диего Марадона

Аргентина и светот се во шок после веста дека денес, ненадејно, почина еден од најдобрите фудбалери на сите времиња (според многумина експерти и според многу параметри – најдобриот на сите времиња), фудбалска легенда Диего Марадона.

Арегнтинските медиуми објавуваат дека аргентинската и светска фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона, денеска починал од срцев удар на 60-годишна возраст.

Тој неодамна беше опериран, му беше ваден хематом од мозокот, но операцијата помина успешно, по што тој во добра состојба беше пуштен на домашна рехабилитација.

По операцијата, во домот на Марадона беше и неговиот личен доктор, под чиј надзор беше Аргентинецот.

Сепак денеска неговото срце престанало да бие и не успеале да го реанимираат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …