Законот предвидува парична казна или една година затвор за случајот со докторката заразена од коронавирус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската јавност моментално ја тресе случајот со заразената директорка на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска, која намерно не ги следела и не се придржувала до правилата и препораките пропишани од властите како превенција од ширењето на коронавирусот.

Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година, се вели во кривичниот законик за пренесување на заразна болест.

Со казната од став 1 ќе се казни и друг здравствен работник кој при укажување медицинска помош или нега постапува несовесно и со тоа предизвика влошување на здравствената состојба на некое лице.

Директорката на Дерматовенеролошката клиника во Скопје ќе биде разрешена од функцијата, веднаш по изборите, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, на попладневната прес конференција.

Тој потврди дека во моментов во домашна излолација се уште два члена од нејзиното семејство. Интервјуирани се сите вработени во Клиниката и имаат препорака 64 вработени да останат во домашна изолација, 11 пациенти кои лежеле во болницата ќе одат исто така на домашна изолација, како и 13 пациенити што се лекувале во дневната болница, минатата недела. Сите се со различен степен на ризик, сепак министерството смета дека мерката мора да се спроведе.

Во текот на викендов, диреккторката на Клиниката одржала и семинар на кој присуствувале 100-тина лица, и сите имаат препорака да бидат во домашна изолација. Слата каде е одржан семинарот е веќе дезинфицирана, исто како и Клиниката за дерматовенерологија.

Филипче повика уште еднаш да се почитуваат сите препораки. Во овој момент за коронавирус се испитуваат уште 8 пацинети. Еден е маж, кој бил на одмор во Бугарија, и откако се вратил развил симптоми слични на грип, се испитува и неговата сопруга. Еден пациент допатувал од Сингапур, но е наш државјанин. Се испитуваат уште 4-ца кои биле во контакт со заразените сопружници од Дебар. И уште еден човек од Гевгелија.