Home Живот и здравје Заклучок на ЕМА: Вакцината од АстраЗенека може да предизвика згрутчување со ниски тромоцити – но, користа од истата е поголема од ризикот

Заклучок на ЕМА: Вакцината од АстраЗенека може да предизвика згрутчување со ниски тромоцити – но, користа од истата е поголема од ризикот

Безбедносната комисија на Европската агенција за лекови (ЕМА) откри дека вакцината на Оксфорд-АстраЗенека против ковид-19 може да предизвика невообичаено згрутчување на крвта со ниски тромбоцити, но нагласи дека севкупните придобивки од вакцината во спречувањето на коронавирусот ги надминуваат ризиците од несакани ефекти, пренесе Си-ен-ен.

Комисијата рече дека биле пријавени 18 смртни случаи при испитувањето на 62 случаи на ЦВСТ (церебрална венозна синусна тромбоза) и 24 случаи на утробна венска тромбоза (во стомакот) што биле пријавени во базата на податоци на ЕУ за безбедноста на лекот. Случаите потекнувале главно од Европската економска област и Велика Британија, каде што вкупно околу 25 милиони луѓе ја примиле вакцината.

Агенцијата го објави својот заклучок откако Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи на Обединетото Кралство одржа прес-конференција за истото прашање, пет дена откако нејзиниот неделен извештај потврди дека најмалку 22 лица доживеале ЦВСТ и најмалку осум случаи на тромбоза со низок број тромбоцити во крвта, што е релативно ретка комбинација.

Одлуката на ЕМА следува и по потегот во Германија, која минатата недела ја суспендираше употребата на вакцината на Астразенека кај лица под 60 години.

Извршниот директор на ЕМА, Емер Кук, на вчерашната прес-конференција рече дека агенцијата ќе ги додаде тромбозата и нискиот број тромбоцити на својата листа на можни несакани ефекти од вакцината, но додаде дека безбедносната комисија „потврди дека придобивките од вакцината на Астразенека во спречувањето на ковид-19 севкупно ги надминува ризиците од несакани ефекти“ и дека препораките на ЕМА за употреба на вакцината не се менуваат.

Во соопштението на ЕМА се повикуваат здравствените работници и луѓето што ја примаат вакцината „да бидат свесни за можноста за појава на многу ретки случаи на згрутчување на крвта во комбинација со ниско ниво на тромбоцити во рок од 2 недели по вакцинирањето“.

„Досега, повеќето од пријавените случаи беа кај жени под 60 години во рок од 2 недели по вакцинирањето. Врз основа на моментално достапните докази, не се потврдени конкретни фактори на ризик“, се вели во соопштението, а и Кук рече дека кога безбедносната комисија ги разгледувала возраста и полот на луѓето што ги пријавиле овие ретки несакани реакции, не е откриен јасен профил на ризик.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кое овошје има повеќе калиум од бананата? Одговорот ќе ве изненади

Кога станува збор за калиум, обично прво помислуваме – банана И со право, бидејќи ова овош…