Home Актуелно Денешниот ден носи разведрување и сонце

Денешниот ден носи разведрување и сонце

Денешниот априлски четврток во Македонија носи разведрување на времето и сонце.

Претпладне ќе биде променливо облачно, на места во југозападните делови сѐе уште ќе има услови за слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…