Овој тинејџер е најмладиот милијардер на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


18-годишен тинејџер од Германија стана најмладиот милијардер на светот, според најновиот список на милијардери кој го објави Форбс.

Кевин Дејвид Леман вреди 3,3 милијарди долари откако од татко му наследил удели во синџирот на големо на компанијата Dm.

Dm-drogerie markt, изворот на богатството на Леман, е водечки ланец аптеки во Германија. Основана во 1974 година, вработува над 41.000 луѓе само во повеќе од 2.000 продавници низ Германија.

Според Форбс, ниту Леман ниту неговиот татко не се вклучени активно во работата на компанијата и многу малку се знае за нив.

Вториот најмлад милијардер според 35 години постоење на оваа листа на милијардери, е 24-годишниот Ванг Зелонг, Кинез вреден 1,5 милијарди долари.

Третото и четвртото место ги имаат норвешките сестри Александра и Катарина Андресен, 24-годишна и 25-годишна, со околу 1,4 милијарди долари. И двете имаат удели во семејниот бизнис Ферд, инвестициска фирма вредна милијарди долари.

Дури и по пандемијата во 2020 година, светските милијардери се уште побогати отколку што биле претходно, иако проценките за нивната колективна добивка варираат. Според Форбс, богатството на светските милијардери е зголемено за 8 трилиони долари на неверојатни 13,1 трилиони долари.