Home Актуелно По 11 дена во кома, откако се вакцинираше против КОВИД-19, во Ниш почина пулмологот Ѓорчев

По 11 дена во кома, откако се вакцинираше против КОВИД-19, во Ниш почина пулмологот Ѓорчев

Во Клиниката во Ниш почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72). Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Докторот Анѓелко Ѓорчев не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. Семејството чекаше да се подобри неговата состојба, но тоа не се случи.

Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.

Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.

Професорот има специјализации и дополнителни усовршувања со конгреси, обуки и семинари во: Љубљана 1980, Лион и Париз 1986, Белград 1987, Будимпешта 1998, Лондон 1990, Брисел 1991, Мајами, Париз, Виена 1992, Сан Франциско, Лондон (Англија – Ројал Бромптон Болница), Ерусалим, Фиренца, Ротердам 1993, Ница, Столкхом 1994, Барселона, Сиетел 1995, Њу Орлеанс 1996, Берлин, Лондон 1997, Бирмингем и Саутемтон 1998, Мадрид 1999, Торонто 2000, Лисабон 2000, Берлин 2001, Неапол 2002, Виена 2003, Париз 2003, Амстердам 2004, Копенхаген 2005, Минхен 2006, Столкхом 2007, Берлин 2008, Барселона 2008, Виена 2009, Варшава 2009, Италија 2010, Бугарија 2010, Барселона 2010, Лондон 2010…

Беше член на Американското торакално здружение, Европско респираторно здружение, Британско торакално здружение и на Француско респираторно здружение.

Од професорот Анѓелко Ѓорчев се прости и неговито син , Влатко Ѓорчев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…